Еден од поголемите капитални проекти, крстосница со кружен тек над градската река кај мостот “Табана”, кој требаше да придонесе за да се зголеми безбедноста, проточноста и ефикасноста во сообраќајот, според предвиденото од претходната локална власт, како што дознаваме е откажан од општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски.
Иако доскорешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески, во предизборниот период за локалните избори минатата година најави дека средствата се обезбедени од Светската банка и дека проектот е со рок на реализација 2018-2019 година, за новиот градоначалник тоа е крупен залак.
Вредноста на проектот требаше да изнесува околу 2 милиони, обезбедени преку кредит од Светска банка, со три години грејс период и рок на отплата од 10 години. Кредитот вклучуваше и енормно ниска камата која беше доста поволна за општината, а после завршувањето на проектот, општината требаше да добие ГРАНТ во вредност од 500.000 евра за успешно завршување на проект.
На таков начин Прилеп ќе добијаше средства за финансирање на друг капитален проект што ќе беше од огромно значење за градот.
Да резимираме! Овој поволен кредит кој веќе беше прифатен од страна на Светска банка, кој заедно со грантот ќе решеа два капитални проекти во интерес на прилепчани, Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Илија Јованоски го откажа како непотребен.
Потсетуваме дека во проектот беа предвидени:
-реконструкција на дел од улицата “11-ти Октомври”, на потегот од кружниот тек Солидност до фурната Плетварец
-кружен тек кој требаше да се направи со проширување на мостот Табана, со што комплетно ќе се растеретеше сообраќајот во овој дел од градот.
-предвидени беа 4 ленти со зелен појас во средината, со ново енергетско ефикасно осветлување, нови тротоарни површини и велосипедски патеки
Со ова градот ќе добиеше комплетна булеварска улица “11-ти Oктомври” и со булеварско решение ќе го решеше целиот потег од влезот кај бензиската пумпa Лук Оил до центарот на градот, како што доликува на еден град кој тежнее да заличи на урбана европска средина.
Како требаше да изгледа овој кружен тек погледнете во продолжение:
извор: markukule.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.