55- годишна жена се обидела со туѓа патна исправа преку охридскиот аеродром да отпатува од Македонија. Полицијата соопшти дека вчера во 19:00 часот на граничниот премин Аеродром „Св.Апостол Павле“ – Охрид, при пасошка контрола, полициските службеници се посомневале дека лицето Б.Р. (55) од Арачиново, скопско, користи туѓа патна исправа.
Поради тоа, биле извршени дополнителни проверки и преглед во нејзиниот личен багаж и притоа била пронајдена лична карта од Косово на име С.Р. Жената била приведена и предадена за понатамошна постапка, соопшти МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)