| четврток, 6 декември 2018 |

Приведена жена која се обидела да замине од Македонија со туѓ пасош

55- годишна жена се обидела со туѓа патна исправа преку охридскиот аеродром да отпатува од Македонија. Полицијата соопшти дека вчера во 19:00 часот на граничниот премин­ Аеродром „Св.Апостол Павле“­ – Охрид, при пасошка контрола, полициските службеници се посомневале дека лицето Б.Р. (55) од Арачиново, скопско, користи туѓа патна исправа.

Поради тоа, биле извршени дополнителни проверки и преглед во нејзиниот личен багаж и притоа била пронајдена лична карта од Косово на име С.Р. Жената била приведена и предадена за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top