| четврток, 6 декември 2018 |

Шахтјор со пресврт ја совлада Рома, Манчестер Јунајтед и Севилја одиграа реми без голови

Екипата на Шахтјор со пресврт во вториот дел од мечот ја совлада Рома во последниот осминанафинален меч од првата рунда во Лигата на Шампионите. Рома имаше повеќе од играта во првото полувреме, што го круниса со голот на Џенгиз Ундер во 41. минута, но одговорот на домаќините беше импресивен во вториот дел.

Факундо Фереира постигна одличен гол во 52. минута, по што Фред, Бразилецот кој подолго време е на „радарот“ на Манчестер сити, во 71. минута го совлада голманот Алисон од слободен удар за пресврт и конечни 2-1.

Натпревар без погодоци вечерва одиграа Севилја и Манчестер Јунајтед на „Рамон Санчез Пискуан“. Севилја беше таа која повеќе напаѓаше, домаќините се обидуваа да ја искористат предноста на својот терен. Манчестер јунајтед главно се бранеше, но имаше свои можности преку против напади.

Најизгледната шанса на мечот не успеа да ја реализира Луис Муриел кој од само неколку метри стрелаше со глава, но неговиот удар беше запрен од одличнит Де Геа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top