| четврток, 6 декември 2018 |

Повредата на Бејл не е наивна, ќе мора да паузира најмалку три недели

geret bejl

Велшкиот репрезентативец во редовите на Реал Мадрид, Герет Бејл во вторникот предвреме го заврши мечот од првото коло во Лигата на шампионите во кој неговиот тим го декласираше Шахтјор Доњецк со 4-0.
Бејл се пожали на болки во листот по што тренерот Бенитез се одлучи да го замени во 31 минута од мечот.
По извршените детални лекарски прегледи е констатирано дека тој има скинат мускул на левата нога и ќе мора да паузира најмалку три недели.
Како што наведува шпанскиот весник „АС“ во таборот на „кралевите“ се многу загрижени за состојбата на офанзивниот фудбалер за врска бидејќи тој секако ќе пропушти многу натпревари во периодот што следи, воедно и дербито против Атлетико Мадрид кое се игра на 4.октомври на „Висенте Калдерон“.

Во меѓувреме Бејл ќе ги пропушти дуелите против Гранада, Билбао и Малага, но и патувањето во Малме на дуелот од Лигата на шампионите. Но, ако се покаже дека Велшанецот нема да може да се опорави на време, отсуството на Бејл може да се продолжи до шест недели, што значи не би бил подготвен и за дуелот со ПСЖ во ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top