Тренерот на Реал Мадрид, Рафа Бенитез може многу да го чини победата над Шахјтор од 4-0 во првото коло од Лигата на шампионите. Шпанецот на клупата на „кралскиот“ клуб мораше да направи три принудни замени во текот на мечот поради повреди на клучни играчи.
Уште во првото полувреме од игра беше повлечен Герет Бејл кој се пожали на повреда на листот на ногата и на негово место да влезе летното засилување Матео Ковачиќ.
– Се надевам дека не е ништо сериозно – се огласи Бејл на својот твитер профил по мечот.
Во вториот дел истотака поради повреда натпреварот прерано го завршија двата столба во одбраната, Рафаел Варан и Серхио Рамос. Варан поради дисторзија на скочниот зглоб, додека Рамос има дислокација на рамото.
Како што јавува весникот „Марка“, состојбата на Варан е далеку подобра отколку на Рамос, па шпанскиот репрезентативец сигурно ќе го пропушти претстојниот меч со Гранада во рамките на Примера дивизион.
Во меѓувреме, „кралевите“ се во исчекување на резултатите од лекарските прегледи врз Бејл, со оглед на стравувањата дека би можело да станува збор за кинење на мускул, што би значело и пауза од околу еден мрсец од терените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.