| четврток, 6 декември 2018 |

Натурализираниот Хрват Едуардо го напушти Шахтјор

eduardo-sahtjar

Бразилецот со хрватски пасош ја заврши својата втора епизода во Шахтјор, откако украинскиот клуб го потврди раскинувањето на неговиот договор на официјалната страна на клубот.

– Шахтјор му се заблагодарува на Едуардо за годините минати во овој тим, за големиот удел во остварувањето на целите и амбициите на клубот, и му посакуваме само победи на теренот и надвор од него, се вели во соопштението.

Веќе подолго време се споменуваше негов трансфер во Австралија како и враќање во Динамо Загреб, за сега од тоа нема ништо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top