| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети за Законот за јазиците: Сме чекале 150 години, ќе почекаме уште неколку дена

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, вели дека што се однесува до него, Законот за јазици веќе е усвоен и покрај ветото на претседателот Ѓорге Иванов.

– Сме чекале 150 години, ќе почекаме уште неколку дена, рече Ахмети на свечена академија по повод десетгодишнината од независноста на Косово оддржана во Скопје.

Законот за јазиците во трето читање се врати во Собранието, откако претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише и со низа забелешки го врати до пратениците. ВМРО-ДПМНЕ за Законот поднесе над 35.000 амандмани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top