Поддршка во процесот за решавање на спорот со Грција попладнево даде и претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган на средбата со премиерот Зоран Заев, кој со владина и парламентарна делегација е во официјална посета на Турција. Претседателот на Турција оценил дека тоа е добро за Балканот и за евроатлантските перспективи на Република Македонија. Владината прес-служба соопшти дека на средбата со Ердоган, на која премиерот Заев бил придружуван од министерот без ресор Аднан Ќахил, било констатирано дека двете пријателски земји имаат потенцијал за унапредување на економската соработка преку зголемување на турските инвестиции како и преку нови иницијативи од страна на Македонија.
Од службата за информирање на Владата соопштуваат дека на средбата со Ердоган присуствувал и министерот без ресор Аднан Ќахил и било констатирано дека двете држави имаат потенцијал за унапредување на економската соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.