| четврток, 6 декември 2018 |

Последниот аплауз за Глоговац, „момчето со кадрава коса“

Семејството, колегите и пријателите денеска се збогуваат од големиот актер Небојша Глоговац кој почина прерано, на 49 години, во петокот, на 9 февруари 2018 година.

Комеморација почна денеска во 11 часот, со снимка од претставата „Хамлет“, а во 14 часот тој ќе биде погребан во Алеата на великаните на гробиштата во Белград.

Комеморацијата се одржа во Југословенско драмско позориште, кое беше матичен театар на Глоговац, каде што тој одигра незоборавни улоги повеќе од 20 години.

Меѓу првите кои пристигнаа на комеморацијата беа Срѓан Голубовиќ, Радош Бајиќ, нашиот, македонскиот актер Никола Ристановски, Васил Хаџиманов, Бранка Пујиќ, Даница Максимовиќ, славниот српски кошаркар Дејан Бодирога, новинарката Мира Адања Полак.

Бојана, сестрата на Небојша и неговата втора сопруга Милица се меѓу присутните, како и синовите Гаврило и Милош и првата сопруга, Мина.

По снимката од претставата „Хамлет“, на комеморацијата беше прочитано писмото на македонскиот режисер Слободан Унковски кој Небојша го нарече „момчето со кадрава коса“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top