Српскиот актер Небојша Глоговац кој утринава почина на 48. годишна возраст после борбата со тешката болест, во средината на минатата година даде интервју за босанскиот магазин „Дани“, во кое, меѓудругото говореше за системот на вредности кој владее денес и порача дека образовен човек денес не може да живее од својата професија, но дека мора да се бори за вистинските вредности.
Глоговац во интервјуто говореше за улогата на Хамлет кој го играше во претставата на македонскиот театарски режисер Александар Поповски во Југословенско драмско позориште.
Оваа година, бевте фантастични во улогата на Хамлет, во режија на Александар Поповски.
– Прво, имавме неверојатна среќа да, после толку време, до нас да стаса таа генијална драма на Шекспир. Претпоставувам дека, токму така, за сто и кусур години, генерациите ќе имаат среќа до нив, наместо свирките на некој талентирно дете што на клавир денес го “растура“ Рахмањинов, да дојде Цеца. Затоа што Цеца е Шекспир на нашата денешница.
Депримирачки…
– Не, не е. Тоа е реалноста. Натрупување на слики кои изминатите децении се доминантно експлоатирани. Како од медиумите, така и од државата и политирачите. Цеца е симбол на нашето време, јунак на нашето доба. Таа е српска мајка, еј!
Што значи тоа?
– Не знам. Знам само дека таа гинекологија е многу интересна. Можеби тука се случило и некое масовно силување, а па оттаму “српска мајка“? Или се работи за нешто друго? Кој знае?! Сепак, повторувам: таа личност е последица на повеќедецениско, константно бомбардирање на опшстеството со “треш“, невкус, аморал. Истовремено, се работи за очигледна незаинтересираност на секоја власт да промовира големи и сериозни содржини. Зошто? Веројатно затоа што знаат дека на човек кој живее во вакви системи, после тежок и напоред ден, полесно му е кога ќе се врати дома, да пушти некоја “цајка“ што би рекле Хрватите, отколку да слуша Бетовен.
Кога зборувате за вакви системи…
– Можете ли во било која од државите на таканаречениот регион да замислите богат доктор на науки, инженер, научник, уметник? Можете ли?! Покажете ми човек кој се убил од учење, кој во мал прст го има сето знаење на овој свет, а кој од својата плата овде може да живее живот достоен за еден човек. Го нема! Не постои таков! Луѓето со знаење и талент овде најчесто немаат скршен денар! Наместо да се занимаваат со својата работа, доктори на науки со дипломите што не се купени или украдени, денеска работат како кондуктери, како таксисти, продавачи. Или поправаат телевизори. Капиталот се слева на друга страна. По тоа каде и кај кого одат парите, лесно можете да заклучите во какво општество живееме, за какви вредности се заложуваме, што се цени, почитува. А се цени Дара Бубамара! Таа ќе ја наполни било која сала, кога и да посака. И полна е ко брод. Веројатно има и некои додатни активности, но боже мој! Ова е свет на силиконски “цицки и газови“. Во него, Дара Бубамара е закон, не јас.
Ех, сега…
–Нема „ех, сега“! Така е. Па, Миограг Петровиќ Чкаља, глумец на кој „откачуваше“ цела Југославија, почина во беда. Сите го обожаваат, ги “пиеја“ сериите и филмовите во кои глумеше, иако тој од својата работа не успеа да наплати ништо. Зошто? Затоа што не постои закон за авторски права. Нас актерите државата не нè штити, не нè штити никој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.