Во новиот филм „Устав на Република Хрватска“ актерот Небојша Глоговац толкува улога на трансвестит. Филмот ја следи приказната за четворица луѓе што живеат во иста зграда и се презираат едни со други бидејќи се разликуваат по имотниот статус, сексуалните навики, националноста и верата. Немаат ништо заедничко, освен што мора да комуницираат бидејќи живеат на исто место.
Српскиот актер Глоговац толкува улога на постар хрватски пензиониран професор, кој се декларира како хомосексуалец и трансвестит.
– Таква улога е бисер што се добива само еднаш во кариерата. Ја сметам за голема привилегија. Кога режисерот Рајко Грлиќ на крај се реши за мене бев многу среќен, но и свесен за одговорноста и предизвикот што е пред мене – изјави Глоговац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.