Управата за хидрометеоролошки работи информира дека најмногу снег има во Маврови Анови, каде висината на снежната покривка изнесува 48 сантиметри, по што следуваат Крушво Крушево 27ево со 27, Пожаране со 20, Ѓуриште со 19 и лазарополе со 17 сантиметри.
Најстудено е во Маврово, минус 4 степени, а минус три степени се измерени во Лазарополе, минус два во Тополчани, Ѓуриште и Крушево, минус еден во Пожаране,…
Времето изутринава е облачно и студено со врнежи кои на запад и североисток се главно од снег, а во пониските делови вдолж Повардарието се од дожд. Врнежите се со умерен интензитет на југот и југоистокот од земјава, а во останатите подрачја се главно со послаб интензитет. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието.
Во текот на денот ќе биде претежно облачно и студено, во претпладневните часови се уште со врнежи кои на западот и североистокот ќе бидат од снег, а во делот на Повардарието од дожд. Повеќе врнежи ќе има во јужните делови. Околу пладне и попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Температурата ќе достигне од 1 до 7 степени.
Во Скопје облачно, претпладне со локален слаб дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Температурата до пет степени.
Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник и в среда претпладне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.