Преговорите за формирање коалиција меѓу конзервативците на Ангела Меркел и социјалдемократите утринава добија епилог откако е постигнат договор меѓу двете најсилни германски партии.
Рундата преговори на која присуствуваа лидерите на партиите почна вчера претпладне, и тоа требаше да биде последниот ден од преговорите на двете страни почнати на почетокот на јануари.
Политичките лидери бараа решение како да владеат заедно за да ја извлечат Германија од политичката неизвесност бидејќи без влада е од парламентарните избори во септември, бидејќи ниедна партија не доби јасно мнозинство.
Меѓутоа, социјалдемократите, според вчерашните информации, изразиле поделеност околу шансата повторно да влезат во коалиција со Ангела Меркел, и Шулц требаше да добие значителни отстапки или базата се закани дека ќе го отфрли компромисот.
По постигнувањето на договорот со конзервативците на Меркел 440.000 активисти на партијата ќе го имаат последниот збор на интерното гласање кое може да заврши на почетокот на март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.