Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, проф. д-р. Милан Јазбец утре ќе го промовира своето 40 книжевно издание. Овој пат на неговата најнова збирка песни “Сјајна ѕвезда со лавовска грива„ ќе се одржи утре со почеток во 12 часот.
Инаку збирката песни “Сјајна ѕвезда со лавовска грива„ е двојазично македонско-словенечко издание и е публикувана од страна на издавачките куќи „Матица Македонска“ од македонска и „Форма 7“ од словенечка страна. Песните се преведени од Соња Должан и Викторија Блажевска.
Авторот во книгата го одразува неговиот живот: првиот дел е многу позитивен и се однесува на изминатите година и половина, додека другиот дел е многу негативен, во кој авторот размислува за неговото душевно пронаоѓање во минатото.
Книгата претставува придонес кон продлабочување на македонско-словенечкото пријателство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.