| четврток, 6 декември 2018 |

„Младите и иновациите“-предавање и дебата во Француски институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје организира предавање и дебата на тема „Младите и иновациите“, што се одржува во рамките на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“, на иницијатива на Францускиот институт во Париз.

Oвој значаен настан ќе се одржи в четврток, 8 февруари 2018, со почеток во 18 часот, на Машинскиот факултет во Скопје, a учество ќе земат :

– г-дин Оливје Крузе, педагошки директор на Школата 42, ќе ја претстави оваа високообразовна установа, како и дигиталната трансформација во образованието. Тој, воедно, ќе го претстави и најголемиот европски стартап инкубатор Станица Ф,

– г-дин Волхан Салаи, единствениот студент од Македонија на Школата 42, кој работи во Станица Ф(видео презентација),

– проф. д-р Радмил Поленаковиќ, професор на Машинскиот факултет во Скопје, ќе ја изложи ситуацијата на полето на  иновациите на домашен план, и

– г-дин Кристијан Данаиловски, ко-основач на најголемата македонска компанија за анимации и визуелни ефекти, FX3X.

Модератор на дебатата ќе биде г-дин Александар Стамболиев, претседател на Фондацијата „Проф. Д-р Димитар Стамболиев“.

Настанот ќе го отвори Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција.

Ноќта на идеите се организира во соработка со Машински факултет, Факултет за електротехника и информациски технологии, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство и Фондација „Проф. Д-р Димитар Стамболиев“.

За настанот е предвиден симултан превод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top