Францускиот институт во Скопје организира предавање и дебата на тема „Младите и иновациите“, што се одржува во рамките на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“, на иницијатива на Францускиот институт во Париз.
Oвој значаен настан ќе се одржи в четврток, 8 февруари 2018, со почеток во 18 часот, на Машинскиот факултет во Скопје, a учество ќе земат :
– г-дин Оливје Крузе, педагошки директор на Школата 42, ќе ја претстави оваа високообразовна установа, како и дигиталната трансформација во образованието. Тој, воедно, ќе го претстави и најголемиот европски стартап инкубатор Станица Ф,
– г-дин Волхан Салаи, единствениот студент од Македонија на Школата 42, кој работи во Станица Ф(видео презентација),
– проф. д-р Радмил Поленаковиќ, професор на Машинскиот факултет во Скопје, ќе ја изложи ситуацијата на полето на иновациите на домашен план, и
– г-дин Кристијан Данаиловски, ко-основач на најголемата македонска компанија за анимации и визуелни ефекти, FX3X.
Модератор на дебатата ќе биде г-дин Александар Стамболиев, претседател на Фондацијата „Проф. Д-р Димитар Стамболиев“.
Настанот ќе го отвори Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција.
Ноќта на идеите се организира во соработка со Машински факултет, Факултет за електротехника и информациски технологии, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство и Фондација „Проф. Д-р Димитар Стамболиев“.
За настанот е предвиден симултан превод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Предавање „Ритамот и звукот на Африка“ во Музеј на Македонија
-
„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија
-
Предавање на Лиса Нојберг во МСУ
-
МСУ: Предавање на Рикардо Пасони, директор на Галеријата на модерна и современа уметност во Торино