Амандманите што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ за законот за јазиците се преведени и архивирани, соопшти Собранието.
– Сите амандмани се архивирани, обработени и ставени на е-парламент. Службата на Собранието уредно постапуваше и постапува во рамките на своите надлежности и задолженија сè до целосното завршување на процесот. Сите амандмани се преведени од страна на службата во Секторот за преведување на Собранието на Република Македонија, соопшти Собранието.
Од таму додаваат дека со оглед на големиот број амандмани, потребно е тие да се разгледаат и да се постапи по нив во согласност со одредбите на Деловникот за работа на Собранието, по што законот за јазиците ќе биде разгледан.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 35. 000 амандмани. За нив Собранието требаше да почна расправа минатата недела, но точката беше тргната од дневен ред затоа што амандманите не беа преведени. Законот за јазиците во трето читање треба да се врати на дневен ред кога Ѓорге Иванов одби да го потише и со низа забелешки го врати до пратениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кривична одговорност и драконски казни за Костовски и Џафери, доколку договорот со Грција се објави без потпис на Иванов
-
Заев: Можно е да поднесеме иницијатива пред Уставниот суд за надлежноста на Иванов
-
Македонците во Калгари, Канада протестираат против Законот за јазиците и преговорите за името (видео)
-
Пратениците на СДСМ се договориле да седат дома за да не иритираат