| четврток, 6 декември 2018 |

Неделава ќе бидат назначени нови директори на повеќе здравствени установи

Клиниките за детска хирургија и радиологија ќе добијат нови директори, јавува Сител од извори во министерството за здравство. Прв човек на детска хирургија ќе биде доктор Лазар Тодоровиќ, кој досега беше шеф на одделот за детска траума.

Тој ќе го наследи доктор Ристо Симеонов кој продолжи да раководи со клиниката и по промената на власта. Се уште нема конечна одлука кој ќе биде нов менаџер на рендген и ќе ја наследи актуелната директорка Елизабета Стојовска Јовановска која сама побарала да биде повлечена од функцијата.

Според информации на телевизијата на останатите в.д. директори на Клиника на кои неделава им истекуваат шестмесечните договори истите ќе им бидат продолжени, а нови директори ќе добијат Очната Клиника, Кардиологија, Стоматолошки клинички и гостиварската болница кои ги раководеа кадри од Алијансата за албанците и поднесоа оставки, но за нивни наследници се уште се преговара во Владината коалиција.

– Ќе има нови директори на позициите на директорите кои на свое барање си поднесоа оставка, а во овој период имаме преговори со коалициониот партнер, изјави на 31.01. Венко Филипче, министер за здравство.

Инаку во јавноста се шпекулира дека нов директор на Кардиологија ќе биде доктор Жан Зимбаков, а со очната клиника ќе раководи офталмологот Христијан Дума, на стоматологија и во гостиварската болница најверојатно ќе бидат назначени кадри од албанскиот коалиционен партнер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top