| четврток, 6 декември 2018 |

„Чудо од технологија“ во Босна: Теренот најдобро се рамни со Голф „кец“ (фото)

Во петокот босанскиот прволигаш ГОШК Габела во пријателски натпревар го совладал тимот на Хајдук со резултат 2-1, но нешто многу поинтересно се случувало пред почетокот на мечот.

Како што пренесуваат балканските медиуми, она што им паднело во очи на оние кои го следеле мечот е фактот што теренот кратко пред почетокот на натпреварот се рамнел со метален ваљак кој го влечел Голф „кец“.


Ефикасноста на оваа балканска метода може да се види по самата состојба на теренот, а на социјалните мрежи можат да се прочитааат многу интересни коментари, за како што го нарекуваат дел од корсниците – „ова чудо од технологија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top