| четврток, 6 декември 2018 |

Тајгер Вудс уапсен откако возел во алкохолизирана состојба

tajger vuds

Поранешниот најдобар светски голфер Тајгер Вудс повторно се најде во фокусот на вниманието на спортската јавност откако беше уапсен поради возење во алкохолизирана состојба.

Откако беше приведен, извршен со него разговор во полициска станица, потоа е пуштен. Сепак, во отворено писмо до јавноста Вудс инсистира дека не се работи дека бил во алкохолизирана состојба, туку дека за време на возењето доживеал неочекувана реакција на лекови.

tajger vuds

– Ја разбирам сериозноста на ситуацијата во која се најдов и ја преземам целосната одговорност. Но, сакам јавноста да знае дека во мојот случај не се работи за алкохол, туку сето тоа беше неочекувана реакција на лекови кои ги добив на рецепт. Не знаев дека таа комбинација лекови може да доведе до такво влијание на мене. Сакам да се извинам на моето семејство и пријателите поради непријатната ситуација, и да и се заблагодарам на полицијата за максималната професионалност – вели во своето соопштение Тајер Вудс.

Ова е втор ваков скандал во кој се наоѓа Вудс по оној во 2009 година кога исто така беше запрен во алкохолизирана состојба, а тогаш беше вплеткан и во скандал со изневерување на својата сопруга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top