Босанска фудбалерка може да добие доживотна суспензија по натпреварот во кој претепа играчка од противничкиот тим. Силвија Секачиќ ја претепа фудбалерката на Младост, Адна Љубановиќ, на натпреварот меѓу Железничар и Младост.
Секачиќ најпрво противничката ја соборила на тревата, а потоа ѝ седнала на грбот и ја удрила со дланката по глава неколкупати. Не успеал да ја запре ниту судијата, а ситуацијата се смирила кога ги раздвоиле фудбалерките од двата тима.
Силвија доби црвен картон, а би можела да добие и доживотна суспензија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.