| четврток, 6 декември 2018 |

Стефано Перего, фотографија на архитектурата во Музеј на современа уметност

Стефано Перего е италијански фотограф (http://stepegphotography.com/) чија централна сфера на интерес е модернистичката архитектура од дваесетиот век. Цел на гостувањето на Стефано Перего е презентација на неговата работа, документирање на архитектурата во периодот од земјотресот до денес и фотографирање на бруталистичката архитектура во Скопје.
На интерактивното предавање неговата работа ќе биде презентирана преку документирани материјали, импресии и критики, преку што студентите по архитектура и други сфери сродни на архитектурата, како и другите заинтересирани гости ќе имаат можност да се запознаат со работата и искуствата на овој фотограф.

Модератор на настанот ќе биде архитект Сара Симоска.

Предавањето на Стефано Перего е организирано во соработка со МЕЛЕЕМ Скопје https://meleemskopje.com/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top