| четврток, 6 декември 2018 |

Ревизорите на Жерновски еден месец не можат да најдат неправилности во „Скопје 2014“

Ревизорите што градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, ги ангажираше за да утврдат евентуални неправилности во проектот „Скопје 2014“, по еден месец работа, немаат ништо, пишува „Утрински весник“.

Слаѓана Тасева и Драган Малиновски, кои се финансираат со пари од општинскиот буџет, според весникот, по еден месец работа немаат конкретни резултати.

– Работиме според утврдена методологија со помош на логистика од администрацијата. Сѐ уште ги комплетираме документите, сите се на број иако се шпекулираше дека документација од проектот се изнесувала меѓу двата изборни круга. Немаме ништо конкретно, рано е да зборуваме за исходот. За дваесетина дена ќе информираме начелно дали и што утврдивме – вели Драган Малиновски за „Утрински весник’.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top