Во отсуство на Борозан, Чупиќ и Абутовиќ, Вардар многу лесно можеше за првпат сезонава да ја вкуси горчината на поразот. Но, сепак тоа не се случи, па на гостувањето кај Мешков Брест во 12 коло од СЕХА лигата ремизираше со 25-25, за продолжување на имресивната серија од 22 натпревари без пораз сезонава.
Мешков одлично го отвори натпреварот и по 10 минути игра водеше со 5-2. Вардар полека, но сигурно се доближуваше за во 25-тата минута за прв пат да поведе со 11-10 и на паузата да замине изедначено 12-12. Во вториот дел двете екипи наизменично се менуваа во водството, а Мешков на три пати се одлепи со плус два гола предност. Се влезе во неизвесна и драматична завршница, во која Вардар од негатива 24-22, со серија 3-0 дојде до пресврт 25-24 во последната минута. Сепак, домаќиниот бргу изедначи на 25-25, а Вардар не успеа да реализира напад за победа, па резултатот остана не променет за прво реми на Вардарци сезонава по 11 победи во СЕХА лигата.
Штербик одлично го бранеше голот со 11 успешни интервенции, а во нападот Дибиров беше најефикасен со осум погодоци. Вардар останува неприкосновен лидер на табелата со 34 бода. По овој натпревар, веќе в сабота следува уште едно СЕХА гостување против Татран Прешов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.