| четврток, 6 декември 2018 |

Прегратка за добредојде: Македонскиот напаѓач го пречека Ето во Коњаспор (видео)

За неполни 24 часа турскиот прволигаш Коњаспор објави два големи трансфери. Најпрво потврди дека во тимот го носи македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ, а потоа и дека негов соиграч во нападот ќе му биде Самуел Ето.

Јаховиќ со 15 гола е еден од најдобрите играчи во Турција сезонава, додека Ето е ѕвезда која зад себе има титула во Лигата на шампионите и настапи за гиганти како што се Барселона и Интер. Македонскиот напаѓач со прегратка го пречека Камерунецот во клубот, а видеото брзо почна да се шири на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top