| четврток, 6 декември 2018 |

Јаховиќ бог во Турција: Во негова чест навивачите на Гецтепе на трибина со македонското знаме (ВИДЕО)

Адис Јаховиќ во минатиов период под нозе ја стави цела Турција. Нема ден кога не е на насловна страница на некој од весниците, за него се тепаат големи европски гиганти, навивачите на Гецтепе го сметаат за божество. Тој е најефикасен во турското првенство, медиумите му прават (не)реални споредби со најдобрите фудбалери на светот, вредноста секојдневно му се покачува за стотици илјади евра. И сега најново – вчера на трибината каде што беше копот на навивачите на Гецтепе, закачено беше САМО македонското знаме. И тоа среде Турција! No Adis, no party, напишале на него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top