| четврток, 6 декември 2018 |

Самуел Ето се враќа во рускиот фудбал

samuel eto

Поранешниот напаѓач на Барселона и на Интер, Самуел Ето (35), го напушти турскиот клуб Анталија и се врати во Русија, каде потпиша договор со прволигашот Амкар. Тој денеска беше претставен како ново засилување и ќе го носи дресот со број 36.

Ето се враќа во рускиот фудбал по три и пол години, откако претходно беше член на Анжи Махачкала, кој во тој период имаше амбициозен проект. Камерунецот во својата кариера го носеше и дресот на Интер, Челси, Евертон, во Европа се прослави во Мајорка, а беше дел и од Реал Мадрид. Тој е најдобар стрелец во историјата на камерунската репрезентација со одиграни 118 натпревари и 56 постигнати гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top