| четврток, 6 декември 2018 |

Ето: Му благодарам на Капело за мојот живот

samuel-eto

Самуел Ето, поранешниот напаѓач на Интер и Барселона на свечената церемонија за најдобар фудбалер за 2016 година одржана во Дубаи одржа емотивен говор со кој ги воодушеви присутните.

Голгетерот посебно внимание посвети на Фабио Капело, кому му се заблагодари за се во кариерата и за кого вели дека е главниот виновник зошто неговото семејство сега има што да јаде.

– Сакам да им се заблагодарам на многу луѓе, но морам посебно да му се обратам на господниот Фабио Капело. Господине, благодарение на Вас, моето семејство сега има што да јаде, а јас можам слободно да уживам во она што најмногу го сакам, а тоа е да играм фудбал – изјави Ето.

Токму Капело го донесе Ето во Реал Мадрид, на само 15-годишна возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top