| четврток, 6 декември 2018 |

„Магор“ ќе ја промовира книгата „Чуварот“ од Павлина Пејковска

Во кафе-книжарницата „Магор“ вечерва со почеток во 19 часот ќе се одржи промоцијата на книгата „Чуварот“ од Павлина Пејковска. Промотор на изданието ќе биде Владимир Мартиновски, кој во својата рецензија за делото, меѓу другото, вели: „Раскажан со едно внимателно водено темпо на нарацијата и истенчен усет за доловување на најинтимните чувства, романот „Чуварот“ е потресна исповед за една човечка судбина. Романот доследно ја следи духовната димензија на човековото зреење низ љубовта и страдањата што ги носи животот. Тоа е лична биографија на нараторката во текот на неколку децении, од спомените на детството и младоста, првите љубови, па сè до семејниот живот. Романот изобилува со референции од книжевноста, музиката, сликарството, а привилегирано место имаат референциите од доменот на филозофијата. Притоа, филозофските сознанија за животот во романот не се само интертекст, туку се и неразделно проткаени во реконструкцијата на животната приказна, што на романот му дава особен шарм“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top