Денес (четврток, 25ти јануари 2018 година) и официјално беше затворена изложбата посветена на 90 години од раѓањето на авторот со нагласена индивидуалност, исклучителен дух, неуморен и бескомпромисен во постојана потрага по нов ликовен предизвик, инспирацијата за многу нови генерации ликовни автори, таткото на новиот ликовен израз во македонската современа ликовна уметност, големиот Петар Мазев.
Во присуство на околу двесте посетители, меѓу кои еминентни историчари на ликовната уметност, ликовни дејци, како и голем број љубители и почитувачи на неговото творештво, проф. Ивица Џепаровски преку исклучително интересно и опсежно предавање, кое само по себе претставуваше посебно доживување не потсети на Мазев како автор, но и како човек, донесе свои впечатоци за Перо Мазев денес, кога неговото творештво поради својата исклучителност и коренитост доби своевидно митолошко значење, велат од Националната галерија на Македонија.
На крај од ова ново пропатување низ творештвото на Мазев, повторно една голема благодарност на семејството Мазеви, на спонзорите Фондација Илија Камчев, како и на сите институции и приватни сопственици кои ни помогнаа со својата соработка да му дадеме посебна тежина на овој настан и оваа голема јубилејна изложба, се вели во дописот од НГМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.