| четврток, 6 декември 2018 |

Секој пратеник да го чуваат двајца телохранители

Партијата на Руфи Османи се врати во парламентот. Двајцата пратеници од редовите на НДП, ќе предложат формирање на анкетна комисија за инцидентите и барање секој пратеник да го чуваат двајца телохранители

rufi osmaniПартијата ќе поднесе иницијатива за формирање на анкетна комисија за инцидентите, и ќе бара да се донесат измени на Законот за Собрание според кои секој пратеник ќе има право на двајца телохранители, додека по истекот на мандатот по еден телохранител.

-Предлагаме да се утврди одговорноста и причините за тоа што придонесе за исфрлување на пратениците и на новинарите. Бараме да се состави извештај со предлог мерки за надминување на оваа ситуација и за тоа мора да се расправа на пленарна седница- изјави Изет Зекири од НДП.

Ваквата иницијатива ја подржува и вјадејачката ДУИ, иако сметаат дека формирањето комисија би имало смисла само ако опозицијата се врати во Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ не размислувале за таков предлог, а СДСМ пак смета дека нејзиното формирање е беспредметно со оглед на настаните од 24 Декември.
Од кабинетот на собранискиот спикер Трајко Вељановски рекоа дека прво ќе чекаат да стигне предлогот, па потоа претседателот на Собранието ќе даде одговор.
За иницијативата на Изет Зекири за анкетна комисија да се најде на собраниска седница ќе треба да добие поддршка од најмалку 20 пратеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top