Партијата на Руфи Османи, НДП, најверојатно, ќе ја прифати понудата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, за заедничко дејствување.
Преку соопштение, НДП најави дека во врска со иницијативата на ДПА за соработка, партијата ги овластува пратениците Наџи Џелили и Весел Мемеди да воспостават контакт со Зијадин Села, овластен претставувач на ДПА, да почнат со разговорите за алтернативните проекти на двете политички партии.
„Соработката на албанската опозиција ја зајакнува политички опозиција и ги зголемува политичките мандати на ниво на албанската позиција со реални шанси на наредните избори албанската опозиција да биде победник во албанскиот политички блок. Поведувајќи се од ставот дека соработката на албанската опозиција е национален интерес, НДП го нуди моделот на соработка на ЛСИ-ПС од последните избори во Република Албанија како најадекватен модел за соработка на албанската опозиција во Македонија“, се наведува во соопштението од НДП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.