| четврток, 6 декември 2018 |

Џеват Адеми, еден од авторите на законот за јазиците, се уште е на црната листа на САД

На црната листа на САД, во групата лица кои се закана за меѓународните напори за стабилизација на Западниот Балкан, и натаму е Џеват Адеми, пратеникот на ДУИ кој се претставува и како еден од авторите на новиот закон за јазиците.

Се работи за список на имиња на лица на кои им е забранет влезот во САД затоа што финансиски или на друг начин го поддржуваат екстремизмот. Адеми пред две години не сакаше да ја коментира листата, но рече дека на американскиот народ му простува сè.

– Американскиот народ и САД направија толку многу за Албанците, што јас лично сум и многу благодарен и му простувам за секоја можна грешка, која би можеле да ја направат. Моето име на таа листа е грешка, изјави Адеми.

И две години по оваа изјава името на Адеми и годинава остана на црната листа. Во изјава за ТВ Алсат пред два дена Адеми се закани дека ако треба и претседателот Иванов ќе биде казнуван ако не ги почитува одредбите од Законот за употребата на јазиците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top