| четврток, 6 декември 2018 |

И одбојкарите во аут на МИ, втор пораз за избраниците на Желјасков

И одбојкарите како ракометарките се во „аут“ на Медитеранските игри, а вториот пораз е забележан во пресметката со Тунис. Поразени сме со 1-3 и немаме шанси да биеме битка за медали.Македонската одбојкарска репрезентација ниту во вториот обид не успеа да ја забележи својата прва победа на Медитеранските Игри во Мерсин. По убедливиот пораз од 3-0  на премиерниот меч со Италија, избраниците на селекторот Желјасков попладнево загубија и во пресметката со Тунис, овојпат со 3-1 во сетови. Со тоа, нашиот национален тим по само две одиграни кола ги загуби шансите за висок пласман на ова натпреварување.

Македонија беше подобар противник само во првиот сет, во кој нашите одбојкари го контролираа резултатот. Тунис успеа да се врати во ритам и израмни на 19-19, но следеа пет поени во низа занашата репрезентација, па поведовме со 1-0, по добиениот сет со 25-20 во поени. Во продолежението од мечот, за жал бевме надиграни од Тунижаните. Избраниците на Желјасков немаа противигра, па Тунис најпрвин го доби вториот сет со 18-25, а потоа продолжи со фуриозен ритам и во продолжението, бележејќи сигурна победа.
Сега ни остана само уште еден меч на Медитеранските игри, а на 25 јуни ќе ги одмериме силите со селекцијата со Алжир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top