Ракометарите на Македонија ја победија Црна Гора со 29-28 (15-16) во вториот меч од 2. коло на Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Хрватска.
Ова е втора победа на „црвено-жолитте“ на шампионатот во загребска „Арена“ и со овој триумф Македонија се пласираше во главната фаза на шампионатот. До крајот од прелиминаранта фаза во групата останува да се одигра мечот со Германија в среда, на 17 јануари.
Претходно, во драматичен меч Словенија одигра нерешено Германија, 25-25. Македонија засега е единствена репрезентација во групата Ц со максимални, 4 бода, откако претходно ја победивме и Словенија.
Во тежок и драматичен меч, потешко од очекувањата, четата на „Ел комаданте“, Раул Гонзалес, ја победи селекцијата на Црна Гора која досега нема забележано триумф на шампионатот.
Црногорците имаа мининално водство по првите 30. минути, кое го задржаа и во почетокот на вториот дел. Пресвртот се случи во 41. минута кога младиот Филип Кузмановски го израмни резултатот 19-19, а потоа со серија од 4-0 Македонија се „одлепи“. Следеа цепелинот на Филип Лазаров и се редеа головите.
Со пет погодоци Филип Кузмановски беше најефикасен во македонкиот тим, пред капитенот Кирил Лазаров и Дејан Манасков кои постигнаа по четири гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.