| четврток, 6 декември 2018 |

Што велат новите правила, зошто Благотиншек доби црвен картон?

Христо Бошковски, поранешен меѓународен ракометен судија кој одлично ги владее правилата во ракометната игра објаснува што се случи вечерва во Загреб, на мечот Словенија – Германија кој заврши 25-24 во корист на Словенците, кои постигаа погодок со свирежот на сирената. Потоа судиската двојка повеќе од 10 минути ја прегледуваше последната акција на Словенците по што досуди црвен картон за Благотиншек и пенал за Германците со кои тие го израмнија резултатот и стигнаа до реми

„Ако случајно не разбравте: црвениот картон е за Благотиншек затоа што го спречи брзиот центар на Германија! По новите правила, тоа е црвен картон и пенал ако е направено во последните триесет секунди! Е сега, има еден штос… не држење дистанца од три метри не е црвен и пенал туку само две минути. Прашање е дали во случајов е недржење дистанца или спречување. Одредете сами….“ напиша Бошковски на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top