Капитенот Кире Лазаров не е во составот за денешниот меч со Данска (18,15 часот) на ракометното Европско првенство (ЕП) кое се одржува во Хрватска.
Лазаров нема да биде меѓу 16-те за денешниот натпревар со Данска, а на негово место шанса ќе добие Гоце Ојлески.
Лазаров се повреди на натпреварот со Шпанија, во неделата и беше неизвесно дали воопшто ќе може да стапне на терен до крајот на шампионатот. Сепак, по два дена во Загреб на прегледи и третмани, синоќа излезе против Чешка, самo за да ги шутира пеналите.
Ојлески првпат ќе добие шанса и многу веројатно е дека ќе го почне вечерашниов меч, за да го одмени досега единственото лево крило во нашата репрезентација, Дејан Манасков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.