Христо Бошковски, поранешен меѓународен ракометен судија кој одлично ги владее правилата во ракометната игра објаснува што се случи вечерва во Загреб, на мечот Словенија – Германија кој заврши 25-24 во корист на Словенците, кои постигаа погодок со свирежот на сирената. Потоа судиската двојка повеќе од 10 минути ја прегледуваше последната акција на Словенците по што досуди црвен картон за Благотиншек и пенал за Германците со кои тие го израмнија резултатот и стигнаа до реми
„Ако случајно не разбравте: црвениот картон е за Благотиншек затоа што го спречи брзиот центар на Германија! По новите правила, тоа е црвен картон и пенал ако е направено во последните триесет секунди! Е сега, има еден штос… не држење дистанца од три метри не е црвен и пенал туку само две минути. Прашање е дали во случајов е недржење дистанца или спречување. Одредете сами….“ напиша Бошковски на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.