| четврток, 6 декември 2018 |

Завршува втората фаза на ракометното ЕП: Македонија денеска на мегдан со Данска

На ракометното Европско првенство што се одржува во Хрватска, денеска на програмата се натпреварите од последниот круг во двете групи од втората фаза.

Македонија по двата пораза ги загуби шансите за полуфинале, но се уште има теоретски шанси за третото место во Групата 2 и учество во натпреварот за петтото место кое обезбедува директно учество на следниот Мундијал.

За да се случи тоа, Македонија треба да ја победи Данска, Шпанија и Германија да не одиграат нерешено и Словенија да ја совлада Чешка.

Средбата Македонија – Данска почнува во 18:15 часот. Претходно од 16 часот играат Словенија – Чешка, а во вечерниот термин од 20:30 се среќаваат Германија – Шпанија.

Табела Група 2: Данска 6 бода, Шпанија 4, Германија 4, Чешка 4, Словенија 3, Македонија 3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top