| четврток, 6 декември 2018 |

Доктор Хаус со концерт во Љубљана (ВИДЕО)

Британскиот музичар и актер Хју Лори, познат во светот како намќорестиот и циничен д-р Хаус, ќе настапи во Љубљана во склоп на неговата европската турнеја. Тој со својот бенд „Д Копер Ботом бенд“ („The Copper Bottom Band“)  на 24-ти јули, пред публиката во главниот словенечки град ќе го претстави неговиот последен албум „Didn’t It Rain“.

Хју Лори, нема само извонредна актерска кариера, туку е познат и како голем музичар. Самоукиот пијанист кој свири на  инструментот уште од детството, во 2011 година го објави успешниот деби албум „Let Them Talk“ и ги освои блуз топ листите во светот, како и критичарите и јавноста кои останаа маѓепсани со неговиот Њу Орлеанс блуз.

Во мај оваа година, Лори го издаде нејзиниот втор албум, каде марди грас и Њу Орлеанс звукот ги замени јужњачки блуз и танго.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top