Британскиот музичар и актер Хју Лори, познат во светот како намќорестиот и циничен д-р Хаус, ќе настапи во Љубљана во склоп на неговата европската турнеја. Тој со својот бенд „Д Копер Ботом бенд“ („The Copper Bottom Band“) на 24-ти јули, пред публиката во главниот словенечки град ќе го претстави неговиот последен албум „Didn’t It Rain“.
Хју Лори, нема само извонредна актерска кариера, туку е познат и како голем музичар. Самоукиот пијанист кој свири на инструментот уште од детството, во 2011 година го објави успешниот деби албум „Let Them Talk“ и ги освои блуз топ листите во светот, како и критичарите и јавноста кои останаа маѓепсани со неговиот Њу Орлеанс блуз.
Во мај оваа година, Лори го издаде нејзиниот втор албум, каде марди грас и Њу Орлеанс звукот ги замени јужњачки блуз и танго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип


