Машката ракометна репрезентација на Македонија со победа ги почна настапите на Медитеранските игри, а нов, втор пораз по ред претрпеа девојките.
Во машка конкуренција совладан е Алжир со 27-26, во неизвесен финиш, а женската селекција загуби катастрофално со 11 гола разлика, 21-32, од Словенија. За нив тоа е втор неуспех, по стартниот против Хрватска со 26-29, со што ги загубија шансите за полуфинале и борба за медал.
Утре женската селекција ќе игра со Тунис, а мажите ден подоцна за ривал ја имаат Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


