Милан Поповиќ и Северина Вучковиќ повторно се сретнаа на суд, каде српскиот бизнисмен се бори за рамноправно старателство над нивниот петгодишен син Александар. Средбата после празникот, како што пренесуваат хрватските медиуми, не била пријатна.
Северина и Милан на суд стигнале одвоено, во придружба на своите адвокати, а кога седнале еден спроти друг во ходинкот пред почеток на судењето, не се ни погледале. Северина не смеела да го погледне Милан во очи, наведуваат хрватските медиуми, а Милан пак бил зафатен со судксите документи.
Расправата во судницата траела 4 часа, а по излегувањето не сакале да го коментираат судскиот спор.
Упатените велат дека расправата била жестока.
Милан во неколку наврати изјавуваше дека само бара рамноправно старателство над својот син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!