| четврток, 6 декември 2018 |

Мареј во последен момент го откажа учеството во Бризбејн

Поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј се откажа од учеството на турнир од сериите АТП 250 во Бризбејн, Австралија поради повреда.

Шкотланѓанецот беше втор носител на турнирот кој е во тек. Тој е третото звучно име кое го пропушта Бризбејн поради повреда, откако претходно настапите ги откажаа Кеј Нишикори и Рафаел Надал.

Медиумите на Островот велат дека засега нема промена во плановите на Мареј да учествува на Грен слемот „Австралија Опен“.

– Многу сум разочаран, бидејќи пристигнав тука со намера да направам силен старт на годината, но за жал не можам да учествувам. Се уште не можам да се натпреварувам на највисоко ниво. Секогаш сум уживал во играта пред навивачите во Квинсленд и со нетрпение чекам да се вратам во блиска иднина, изјави Мареј.

30-годишниот Британец нема официјален натпревар од јули месец и како резултат на тоа падна на 12. место на светската ранг-листа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top