| четврток, 6 декември 2018 |

Одлична ждрепка – Македонија со Данска, Чешка и Австрија на ЕП во ракомет

Македонската машка ракометна репрезентација имаше речиси идеална ждрепка и ќе игра во А групата на европското првенство во Данска,  од 14. до 26. јануари 2014 година, заедно со домашната селекција на Данска,  и селекциите на Чешка и на Австрија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Хернинг, каде што денеска се одржа и извлекувањето.

Ваква група со само една измена, Србија наместо Данска, посакуваа мнозинството симпатизери кај нас.  Данска е домаќин и голем фаворит за првото место, а македонските ракометари имаат реални шанси да се борат за второто место во групата, заедно со селекциите на Чешка и на Австрија.
Група А – Хернинг: Данска, Чешка, Македонија, Австрија
Група Б – Алборг: Шпанија, Исланд, Унгарија, Норвешка
Група Ц -Архус: Србија, Франција, Полска, Русија
Група Д- Копенхаген: Хрватска, Шведска, Белорусија, Црна Гора

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top