| четврток, 6 декември 2018 |

Мемети: Новиот закон за амнестија не е правичен, овозможува селективно амнестирање

Народниот правобранител, Иџет Мемети го оспорува законот за амнестија и смета дека се носи со цел да има селективно амнестирање во Република Македонија. Мемети за овој закон кој се уште е во подготовка има забелешки за одредени ставки кои не се опфатени во него, конкретно во делот на спроведувањето. Според него, предлог законот обликуван во форма каква што е во моментов е неправичен и нецелосен.

– Важен е начинот како ќе се спроведе законот за амнестија. Засега тој не е правичен и не опфаќа се што треба да биде опфатено. Одредбата за спроведување ги става затворениците во нееднаква положба бидејќи ќе се изврши селективно извршување, рече Мемети.

Тој бара итна промена на нацрт-законот и вели дека со моменталниот предлог за законот за амнестија, Министерството за правда има несериозен пристап кон јавноста и затворениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top