Во петок стапува на сила Законот за амнестија, а од понеделник, затворите ќе отпочат со дистибуција на затворските досиеја на осудениците до Судовите кои им ги изрекле пресудите.
– Во рок од пет дена по добиените известувања, Судовите треба да изготват решение и лицето кое ги исполнува условите за амнестија ќе биде пуштено од затвор. Конечната бројка сеуште точно не е прецизно определена, вели за дневниот весник Вечер, Јовица Стојковиќ, директор на Управата за извршување на санкции под чија ингеренција се сите затвори во државава.
Според него, нема да има групно пуштање на сите затвореници туку секој затвореник како ќе го добие решението за амнестија од Судот така ќе ја напуштаaт затворската ќелија.
Во најголемиот затвор во државава – Идризово од вкупно 1 754 затвореници, на новиот Закон за амнестија ќе му се радуваат 1 438 лица од кои 621 се Македонци, 569 се Албанци, 257 роми, 26 Срби и од други националности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.