Народниот правобранител, Иџет Мемети го оспорува законот за амнестија и смета дека се носи со цел да има селективно амнестирање во Република Македонија. Мемети за овој закон кој се уште е во подготовка има забелешки за одредени ставки кои не се опфатени во него, конкретно во делот на спроведувањето. Според него, предлог законот обликуван во форма каква што е во моментов е неправичен и нецелосен.
– Важен е начинот како ќе се спроведе законот за амнестија. Засега тој не е правичен и не опфаќа се што треба да биде опфатено. Одредбата за спроведување ги става затворениците во нееднаква положба бидејќи ќе се изврши селективно извршување, рече Мемети.
Тој бара итна промена на нацрт-законот и вели дека со моменталниот предлог за законот за амнестија, Министерството за правда има несериозен пристап кон јавноста и затворениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Собранието доставен Предлог закон за амнестија за настаните од 27 април
-
Законот за амнестија во петок стапува на сила: Од Идризово излегуваат околу 600 македонски и 600 албански затвореници
-
Народниот првобранител Мемети – да не се злоупотребуваат децата во изборните кампањи
-
Мемети: Има подобрување на човековите права, но не е доволно