| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Како дете бев генијалец за математика и физика

Премиерот Зоран Заев во интервју порталот факултети.мк, раскажува за неговото детство и младост. Тој открива дека бил одличен ученик, посветен на наставата и знаењата.

– Ми одеше математика, професорите велеа дека ми лежат природните науки. Одев и на натпревари по математика и по физика, завршниот испит за матурата ми беше математика. Но, сите предмети ги учев, немав некој предмет што не ми оди, или кон кој имав одбивност – вели Заев во интервјуто за факултети.мк.

Дека неговите знаења во областа на математиката и физиката останале до денес, Заев потврди и во неговото интервју за ТВ 24, во кое стручно објаснуваше колку електрична енергија произведува Македонија.

Според нашиот премиер, Македонија произведува електрична енергија во терабајти, мерка единица за складирање на информации во компјутер.

 

Во интервјуто за факултети.мк, Заев додава дека додека тој учел учениците добивале многу повеќе знаења, затоа што учеле помал број на предмети.

– Јас сум на страната на учениците, иако сум родител. Ние, како ученици, бевме далеку порастоварени, не може по цел ден децата да бидат на училиште и да имаат огромен број предмети, па сакаме да ни се весели и спокојни. Јас сум за тоа да ги видиме добрите образовни практики во Европа, од држави слични на Република Македонија. Бројот на предмети мора да се намали. Кога ќе бидат фокусирани учениците на помалку предмети, ќе имаат повеќе слободно време, со тоа и повеќе можност не само да го учат тоа што им е сервирано по програмите, туку и сами ќе истражуваат, ќе читаат за тоа што ги интересира. Тие знаења, стекнати со добра волја, а не затоа што се мора, се драгоцени понатаму, особено ако станат работна животна определба. Потребни ни се креативност и критичко мислење во образованието. Учениците ниту се машини ниту се со еднакви капацитети, и затоа мораме да обезбедиме образовен систем во кој има место и шанса за секое дете, и за помалку успешните и за талентираните, ама задолжително за сите. Треба да поттикнеме дискусија на школскиот час, да дозволиме и да мотивираме учениците да дискутираат за материјата, да прашуваат, да преиспитуваат, да дебатираат, да се спротивставуваат. Само така се доаѓа до повеќе знаење и до вистината. – вели Заев.

Премиерот во интервјуто раскажува и за студентските денови, колку му било тешко да се раздели од неговите родители и да дојде да студира во Скопје. Дава и совети во кој правец планира да го реформира образованието.

Целото интервју на следниот линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top